ЕУА –Годишна конференција

15.05.2019

Традиционалната годишна конференција на Европската Универзитетска Асоцијација/ЕУА за 2019 година се одржа на 11-12 април. Домаќин беше Универзитетот Сорбона во Париз којшто успеа, во текот на два дена да ги обедини европските универзитетски челници околу една мошне атрактивна и актуелна тема „Поттикнување на иновацијата на универзитетите“.Фокусот на годинешниот најзначаен форум во европското високо образование беше на тоа како европските универзитети во својство на  интегрален дел од локалните, националните и интернационалните иновативни екосистеми, поврзани  со партнери од јавниот и приватниот сектор може сега и во иднина да развиваат стратегии за иновација. Низ пленарни сесии од различен формат конференцијата обезбеди размена на знаења и искуства  за политиките и практиките што овозможуваат иновацијата и претприемништвото да се присутни и применливи.

Ректорот Коруновски присуствуваше на овој најзначаен годишен собир на универзитети односно  форум  во областа на европското високо образование.


Scroll to Top