УСПЕШНО ЗАВРШЕН ИЗБОРОТ НА РЕКТОР

29.05.2019

Со тајно гласање, денеска на УКЛО, успешно заврши изборот на ректор.

Проф. д-р Сашо Коруновски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид , којшто ја извршуваше оваа функција во досегашниот четиригодишен период, избран е за ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со мандат од три години.

УКЛО е првиот универзитет во нашата држава којшто реализираше избор на ректор во согласност со новиот Закон за високо образование и тоа на непосредни, тајни и слободни избори. Своето право на глас го искористија безмалку сите 270 редовни професори - членови на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на УКЛО.

Во согласност со усвоената процедура на гласање и сумирање на освоените гласови, седумчлената Универзитетска изборна комисија прогласи дека избраниот кандидат за ректор освои 136 гласови односно  19,563 поени, наспроти неговиот противкандидат проф. д-р Тале Герамитчиоски којшто освои 111 гласови односно 14,437 поени.

Мандатот на ректорот Коруновски започнува на 01 октомври 2019 година.


Scroll to Top