ЗА НАУКАТА ОД БИЗНИСОТ

12.06.2019

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, преку Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО Центар), ја продолжува успешната приказна на поврзувањето на универзитетот со бизнис заедницата. Дека сме на вистинскиот пат, зборува и заокружувањето на целокупниот процес за доделувањето на уште 4 нови стипендии за студентите на УКЛО од страна на компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, како општествено одговорна компанија. Со новиот повик за стипендирање, покрај студентите од Техничкиот факултет-Битола, беа опфатени и студентите од Економскиот факултет – Прилеп.

Свеченото доделување на стипендиите, се одржа на 10.06.2019 година во просториите на компанијата а во присуство на високи претставници од компанијата, студентите како и раководителот и вишиот соработник во КРЕДО центарот при УКЛО.

Ваквата активност, уште еднаш го потврди квалитетот на профилираните кадри на УКЛО, како и грижата на Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО Центарот) за студентите.

Во досегашната соработка помеѓу УКЛО и компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, се забележува и успешно реализирање на програмата за практиканство за студентите на УКЛО. Реализирани се голем број на практиканства,  кои на крајот од практикантската програма несебично го искажуваат своето воодушевување и ги  споделуваат позитивни искуства од целиот период поминат во компанијата. И не само тоа, во компанијата се стекнуваат и со навики кои понатаму ќе им помогнат при наоѓањето на работа како и при вклопувањето во организационата структура на било која компанија.

 


Scroll to Top