Трет упис за постдипломски студии

05.11.2009

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола на седницата одржана на 04.11.2009 година донесе Одлука за зголемување на бројот за запишување студенти на втор циклус  студии и го  утврди терминот за третиот уписен рок.

Третиот уписен рок за  запишување студенти на втор циклус универзитетски студии (постдипломски) во академската 2009/2010 година ќе се реализира од 9-ти до 13 ноември 2009 година. Бројот на слободните места на факултетите на кои ќе се реализираат  едногодишни и двегодишни студии е зголемен на  две студиски програми Економскиот факултет – Прилеп:

·        Сметководство, финансии и ревизија -  за 50 студенти

·        Маркетинг менаџмент  - за 30 студенти


Scroll to Top