ИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА УКЛО

29.06.2019

Со тајно гласање, на 172 седница на Универзитетскиот сенат успешно заврши изборот за Претседател на Сенатот на УКЛО.

Вон. проф. д-р Светлана Велјановска од Правниот факултет ќе ја извршува функцијата Претседател на Сенатот за период од една година, со право на уште еден избор.

Постапката за избор на Претседател на Сенатот на УКЛО ја спроведе Изборна комисија, избрана од Сенатот со јавно гласање. Постапката е спроведена во согласност со Законот и Статутот на УКЛО на седницата на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот.

 

Инаку, УКЛО е првиот универзитет во нашата држава којшто реализираше избор на ректор во согласност со новиот Закон за високо образование на непосредни, тајни и слободни избори и реализира прв избор на Претседател на Сенатот на Универзитетот.

 

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот и вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија.


Scroll to Top