Трилатерална научна соработка

09.11.2009

Современиот начин на живот претпоставува брз развој на современите технологии. Во овој контекст, Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола станува значаен фактор за внесување на нови иновативни решенија во развојот на науката во високото образование. Оттука, проф. д-р Александар Марковски, како претставник на Универзитетот, заедно со уште неколку еминентни истражувачи во областа на биоинформатиката, ќе учествува во мултиратерална соработка меѓу високото образование, јавниот и приватниот сектор.

Биоинформатиката претставува нова научна дисциплина која подразбира употреба на информативната технологија во развојот на молекуларната биологија. Основната цел на биоинформатиката е да придонесе кон појаснување на биолошките процеси. Затоа, биоинформатичкиот софтвер станува значаен медиум за развој на науката.

Македонската компанија InterWorks, заедно со Microbial Genomics Group од Max Planck Институтот за морска биологија и Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола започнуваат заеднички академски проект.

Во тек се подготовки за започнување на истражување за изработка на магистерска теза на лице вработено во InterWorks, што ќе се реализира под менторство на проф. д-р Александар Марковски од УКЛО и проф. д-р Франк Оливер Глокнер и д-р Рензо Котман од Max Planck Институтот за морска биологија.

Се очекува оваа трилатерална соработка да доведе до значајни достигнувња. Македонската компанија InterWorks го обезбедува софтверот, Microbial Genomics Group обезбедува биоинформатичка поддршка, а Универзитетот Св.Климент Охридски обезбедува експертиза од областа на информатичката технологија. На овој начин Универзитеот воспоставува соработка со приватниот и јавниот сектор.

 повеќе детали на:  http://www.meгx.net/portal/news/news.html


Scroll to Top