Настани - „Ноќ на истражувачи“

25.09.2009

Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола на 25.09.2009 година беше домаќин на европската научна манифестација „Ноќ на истражувачи„ која се одвиваше истовремено во повеќе од 200 градови низ Европа. 

          На плоштадот Магнолија, средиште на манифестацијата, учесниците, претставници  од Универзитетите во Македонија и од бизнис секторот, преку видео презентација претставија дел од  научно истражувачката работа, со што овој дел од нивните активности и  вклученост во истражувачката работа станаа подостапни до пошироката јавност. 

          „Ноќ на истражувачи“ - настан од календарот на Европската Комисија, годинава се одржа под мотото „Истражувачите се меѓу нас“ што им овозоможи и на студентите и на стопанствениците да ги афирмираат своите трудови на посебни штандови, преку реална научна презентација.


Scroll to Top