Меѓународна конференција „Искуства во спроведувањето на Болоњската декларација“

07.11.2009

На меѓународната конференција организирана од Универзитетот во Бања Лука на тема: Искуства во спроведувањето на Болоњската декларација меѓу претставници на јавни и приватни универзитети од 13 земји учество зеде  проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Пере Аслимоски.

Низ  30-на реферати  афирмирано е значењето на  Болоњската декларација со цел  да се воспостави единствен образовен простор во Европа што подразбира зголемена мобилност на студентите и професорите како  и  воспоставување мостови на соработка меѓу  институциите во високото образование и нивно поврзување  со општественото окружување.


Scroll to Top