Средба на ректорот со градоначалниците на Пелагонискиот регион

10.11.2009

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев оствари средба со градоначалниците од Пелагонискиот регион: Владимир Талески, градоначалник на Битола и Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

На средбата  на која присуствуваше и проректорот по финансии и развој проф. д-р Љупчо Трпезановски е разговарано за  заложбата: УКЛО со своите капацитети што повеќе да се вклучи во општествениот живот во насока на зајакнување на административниот и стопанскиот сектор во регионот.


Scroll to Top