АКТИВНОСТИ НА УКЛО ЗА ЗАШТИТА ОД НОВИОТ ГРИП

10.11.2009

Универзитетот "Св. Климент Охридски" – Битола презеде активности и мерки за заштита од новиот грип тип А(H1N1) коишто се однесуваат на студентската популација, наставниот и севкупниот кадар на ниво на УКЛО.Со цел превенцијата да биде што поуспешна, Универзитетот формираше Кризен штаб, единиците се задолжени да формираат интерни Кризни штабови, да ги засилат санитарно-хигиенските мерки, да ги огласат Препораките од Институтот за јавно здравје на видни места и да организираат здравствено-едукативни предавања. Исто така, Универзитетот ја интензивираше соработката со надлежните здравствени служби и вклучен е во Акцискиот план и Програмата за превенирање во рамките на Центарот за јавно здравје. Основни препораки за заштита види тука.

Scroll to Top