ОДРЖАН ЕРАЗМУС ИНФО ДЕН

16.11.2009

На Педагошкиот факултет – Битола се одржа информативен ден за програмата ЕРАЗМУС. Студентите и други членови од академската зедница  се запознаа со можностите за мобилности  во странство,начините за пријавување и роковите.

Еразмус е програма на ЕУ за високо образование и меѓу другото поддржува студиски престој и стажирање во компании во други земји.Стипендиите траат од 3 до 12 месеци.

Информации за стипендиите од Еразмус програмата,  студентите може да добијат во Канцеларијата за меѓународна соработка при УКЛО која беше организатор на настанот  заедно со Националната агенција за европски образовни програми и мобилности.

Scroll to Top