ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

20.11.2009

Во рамките на глобалната недела на претприемништвото Универзитетот „Св. Климент Охридски“  Битола е домаќин на меѓународна конференција на тема: Претприемништвото во високото образование.

Аудиториумот го поздравија: ректорот проф. д-р Златко Жоглев,  министерот за образование и наука Никола Тодоров, заменик министерот за економија Методија Хаџи - Васков, градоначалникот на Битола, Владимир Талески како и Раководителот на Европската тренинг федерација од Торино, Антони Грибен.

Во работниот дел од конференцијата одржани се  презентации за претприемништвото од претставници од универзитети  од 18 земји аспиранти за членство во Европската Унија и јужниот Медитеран.  

Конференцијата треба да  помогне во креирањето претприемачкото размислување и однесување во севкупното општествено живеење. 

Организатори на меѓународната Конференција освен УКЛО се и министерството за образовбание и наука, министерството за економија, општина Битола и Европската тренинг фондација.

Настанот е дел од активностите за одбележување на јубилејот: 30 години од постоењето на Универзитетот.


Scroll to Top