Соработка УКЛО - УСАИД

23.11.2009

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев потпиша Меморандум за разбирање помеѓу УКЛО и Карана Корпорацијата, која го спроведува Проектот на УСАИД за конкурентност.

Со оваа соработка, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го поттикнува практиканството како важен елемент во наставно – образовната дејност, во функција на  развојот и унапредувањето на потенцијалите на студентите, идни вработени.

Поврзувањето на теоријата со практичната работа треба да помогне во обезбедувањето  квалификувана работна сила што ќе го намали јазот на побарувачката и понудата  на пазарот на трудот и ќе води во насока на остварување партнерства со стопанството, бизнис заедницата, индустријата и другите институции.

Scroll to Top