Посета на словачкиот амбасадор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

26.11.2009

Во ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  се оствари средба на Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија  д-р Роберт Кирнаг и ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев.

Во пријатна и срдечна атмосфера истакната е заложбата  за воспоставување и  интензивирање на  меѓународната соработка со универзитетите во Словачка. Исто така, неговата екселенција, д-р Роберт Кирнаг ја нагласи  поддршката на Словачка во остварување на процесот на размена на студенти, особено соработката во техничките науки.  

Во рамките на престојот на УКЛО, на Педагошкиот факултет - Битола,  Амбасадорот Кирнаг одржа предавање на тема „Република Словачка после 1989 година“. Истакнувајќи ги сличностите и посебностите меѓу двете пријателски земји, Амбасадорот Кирнаг говореше за економскиот, социјалниот и политичкиот амбиент на Словачка пред и по влезот на ЕУ и ја истакна поддршката Република Македонија и официјално да биде дел од европското семејство што  кај студентите предизвика особен интерес и се разви плодна дискусија. Студентите беа запознаени и со можностите за бесплатно студирање, студентска размена и престој на универзитети во Република Словачка.

Scroll to Top