На Техничкиот факултет одржан научен собир

26.11.2009

Педесетина автори со 35 трудови учествуваа на научниот собир на тема „Техниката и техничките науки – услов за современ одржлив развој на општеството и општина Битола“ што се одржа на Техничкиот факултет.

Целта на научниот собир е да се прикажат научните достигнувања во полето на техничките науки од различни области како и нивната примена во секојдневниот живот – техниката, без која не може да се замисли современиот начин на живеење.

Заклучоците коишто произлегоа од научниот собир се оценети како неопходни  насоки за понатамошниот развој на техничките науки  и развојот на секое современо и одржливо општество, оценуваат од македонското научно друштво соорганизатор на настанот.

Поздравна реч на конференцијата имаше ректорот проф. д-р Златко Жоглев. Научниот собир беше организиран во рамките на 50 годишнината од постоењето на македонското научно друштво и 30 годишнината од основањето на УКЛО.


Scroll to Top