Работна посета на министерот Никола Тодоров на УКЛО

27.11.2009

Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска престојуваше на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. На средбата со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев нагласено е местото коешто УКЛО го има во образовниот систем во Република Македонија и  континуираните напорите за  подобрување на квалитетот во високото образование.

Во рамките на работаната средба одржана е пресс конференција на која учество зеде и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, Бошко Нелкоски.

На средбата новинарите беа запознати со можностите за учество во најстарата европска програма за мобилности Еразмус, во рамките на програмата Доживотно учење што се отвораат пред студентите на УКЛО. Имено, од академската 2009/20010 година учеството во програмата започнува со индивидуални мобилности на студенти, наставен кадар, административен персонал од државните универзитети во Република Македонија.Од државните универзитети во програмата Еразмус активно се вклучени: Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Државниот универзитет во Тетово.

Scroll to Top