ФОРУМ: Потребите од реформи во јавната администрација во Република Македонија одржан на ФАМИС

01.12.2009

Во рамките на активностите за одбележување на 30 годишниот јубилеј на Универзитетот, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи-Битола на 30.11.2009 година во соработка со ОБСЕ, Генералниот секретаријат на Владата на Р.М., Консултатнтската куќа Идеја OK и професори од Факултетот беше одржан ФОРУМ на тема Потребата од реформи во Јавната администрација во Р.М. во рамките на проектот на Владата на Р.М и ОБСЕ Зајакнување на капацитетот на владиното Одделение за реформите во јавната администрација.

Собирот го поздрави генералниот секретар на Универзитетот м-р Офелија Христовска која во името на Универзитетот „Св.Климент Охирдски“-Битола го прогласи Форумот за отворен.

Модератор на Форумот беше г-дин Звонко Наумоски, додека пак свое излагање на собирот имаа г-дин Аќим Емурли, претставник од ОБСЕ, г-дин Синиша Цветановски, претставник од Генералниот секретаријат на Владата на Р.М. проф. д-р Виолета Пановска-Бошкоска и доц. д-р Жидас Даскаловски, професори на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и доц. д-р Јован Анананиев, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Форумот имаше за цел да прибере мислење и ставови од претставниците на ФАМИС, како што се професорите и студентите и да ги земе предвид во процесот на спроведување реформи во јавната администрација што ќе придонесе обезбедување квалитет во работата на јавната администрација како важен чинител во процесот за интегрирање на Р. Mакедонија во ЕУ.

Scroll to Top