Падот на Берлинскиот ѕид - предавање одржано на Педагошки факултет

24.11.2009

На 24.11.2009 година студентите од групата македонски-германски јазик на Педагошкиот факултет во Битола имаа можност да присуствуваат на предавање на кое свое излагање имаше г-ѓа Соња Бонет, аташе за култура и прв секретар во Амбасадата на С.Р.Германија. Тема на нејзиното излагање беше „Падот на Берлинскиот ѕид“, а поводот е прославување на 20-годишнината од неговиот пад. Во излагањето г-ѓа Бонет се задржа на историјата на Берлинскиот ѕид, започнувајќи од моментот на неговото градење до неговиот пад. Предавањето имаше интерактивен карактер. Студентите имаа активно учество поставувајќи прашања што помогна да се развие една интересна дискусија.


Scroll to Top