Средба на проф. д-р Рендал Пауел, експерт за развој на кариера и ректорот проф. д-р Златко Жоглев

03.12.2009

Во рамките на проектот за конкурентност на УСАИД, од 01.12.2009 до 08.12.2009 г. во нашата земја престојува проф. д-р Рендал Пауел од Универзитетот во Индијана САД, експерт за стратегии на кариерно планирање.

На 03.12.2009 год. проф. д-р Пауел оствари средба со Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, проф д-р Златко Жоглев. На средбата беше разговарано за можноста за остварување на практикантска работа на студентите во рамки на процесот на високо образование. Професорот Пауел ги соопшти американските искуства од непосредната соработка меѓу универзитетот и бизнис заедницата во насока на заедничко создавање на квалитетни и стручни кадри.

Покрај со ректорот проф. Пауел оствари средба и со раководниот тим на електроенергетскиот комбинат РЕК-Битола претставници на Регионалната Стопанска Комора. На средбата беа претставени можностите што можат да ги добијат стопанствениците од нивно активно вклучување во Националната програма за практикантска работа и вработување.

Scroll to Top