Нови осум доктори на науки - промовирани на УКЛО

07.12.2009

На 07.12.2009 год. во просториите на Педагошки факултет во Битола се одржа свечена промоција на осум доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Овој настан, уште еден во низата настани организирани по повод 30-годишнината од основањето на Универзитетот, традиционално беше склоп на академското и промотивното. Тој ги обединуваше промоцијата на науката но и обврската на кандидатите да го почитуваат и чуваат достоинството на титулата доктор на науки како највисок достиг на научен индивидуален развој.

Во чест на патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ се промовирани следните доктори на науки:

 

  1. Обренија Каламанда, доктор на земјоделски науки
  2. Марјан Богданоски, доктор на науки од областа на безбедноста
  3. Мухамет Рацај, доктор на науки од областа на безбедноста
  4. Ибиш Мазреку, доктор на науки од областа на осигурувањето
  5. Јусуф Фејза, доктор на науки од областа на осигурувањето
  6. Марјан Ангелески, доктор на економски науки
  7. Гордана Јаневска, доктор на науки од областа на техничките науки
  8. Катерина Ангелевска-Најдеска, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството

Scroll to Top