Презентација на 14 нови книги од Владиниот проект 500 наслови

06.12.2009

Во ректоратот на УКЛО во чест на патронатот и јубилејот на Универзитетот се одржа промоција на 14 нови наслови во рамките на проектната активност на Владата и Министретсвото за образование и наука насловена како  „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”.

На презентацијата покрај ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, кој се осврна на значењето што овие научни и стручни трудови го имаат за академската јавност на УКЛО,  ресорниот министер Никола  Тодоров говореше за идните планови во оваа сфера, најавувајќи нови 500 стручни книги кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот на знаењето.

На деветтата промоција, претставени се 14 најнови наслови, осум од областа на општествените науки и шест од областа на природните науки, односно од сферата на енергетиката.


Scroll to Top