СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ

06.12.2009

Во рамките на бројните свечености и манифестации во чест на патрониот празник и 30 годишнината  на УКЛО, се одржа  Академија на која свое обраќање имаше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Честитајќи го настанот, Министерот за образование и наука Никола Тодоров ги искажа заложбите за унапредување на вискообразовниот процес и го потенцира  местото што УКЛО го има во образовниот систем во Република Македонија.

Претходно, во рамките на одбележувањата се одржа свечена седница на Сенатот со промоција на  Монографија и видеозапис за развојниот пат и актуелниот миг од дејствувањето на УКЛО. Традиционално, беа доделени голем број плакети и признанија, а на најдобрите студенти им беа врачени пригодни награди.

 На манифестациите во чест на јубилејот и патронот на Универзитетот присуствуваа бројни гости и делегации од други универзитети од земјата и странство,  претседателот на МАНУ академик  Георги Старделов, министрите во Владата на Република Македонија: Зоран Коњановски, Никола Тодоров и Иво Ивановски и други претставници од јавниот и академскиот живот.

Одлуката за формирање на вториот државен универзитет во Македонија  беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание, а д-р Стеван Габер беше првиот ректор.

Во изминатите три децении на УКЛО дипломираа над 22 000 студенти.Во моментов на 11-те високообразовни установи  се образуваат повеќе од 12.000 студенти.

Во рамките на чествувањата, бројни делегации положија цвеќе пред споменикот на Св. Клименти. 


Scroll to Top