Обука за Еразмус координатори

15.12.2009

На 15.12.2009 год. во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа обука за Еразмус координатори. Настанот го отворија претставникот на Универзитетот проф. д-р Никола Крстановски, ЕКТС координатор на Универзитетот и претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Присутните имаа можност да добијат информации за Еразмус програмата за размена на студенти, наставен и административен кадар.

Настанот беше збогатен со присуството на Катја Церјак и Биби Оваска Пресетник, претставници на Канцеларијата за меѓународна соработка од Универзитетот во Љубљана. Тие ги споделија своите искуства од работата во проектот Еразмус на тема: Менаџирање на еден Еразмус циклус и Финансиски правила кои се однесуваат на практичниот аспект од реализација на мобилностите.

Настанот се покажа како исклучително значаен за претставниците на високообразовните единици на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ кои имаа прилика да добијат претстава за предизвиците кои ги нуди програмата Еразмус.

Scroll to Top