Дополнителен термин за упис на постдипломски студии

25.12.2009

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола на седницата одржана на 24.12.2009година донесе Одлука за утврдување дополнителен термин за запишување студенти на втор циклус студии  во рамките на третиот уписен рок.

Дополнителниот термин за упис во третиот уписен рок за  запишување студенти на втор циклус универзитетски студии (постдипломски) во академската 2009/2010 година на УКЛО ќе се реализира од 25-ти декември 2009 до 15 јануари 2010 година.

Scroll to Top