УКЛО член на конзорциумот на Македонски Електронски Библиотеки (МеБ)

15.01.2010

За сите единици и придружни членки на Универзитетот обезбедeн е слободен пристап до EBSCO Publishing, по зачленувањето на УКЛО во конзорциумот на Македонски Електронски Библиотеки (МеБ).

 

EBSCO Publishing претставува еден од водечките светски информациски сервиси и агрегатоти на е- списанија, библиографски бази на податоци, весници и други ресурси со полни текстови. Базите на податоци со полн текст на EBSCO нудат пристап до целосни написи од списанија во издание на најпрестижните светски академски издавачки куќи.

На овој начин, на корисниците на EBSCO Publishing им се овозможува пристап до најновите информации во светот од областа на природните и општествените науки, образованието и културата.

Scroll to Top