Отпочнување со работа на Мастер студиите од Фрaнклин Унуверзитетот од Охајо - САД

03.02.2010

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  започнува  заеднички мастер студии по бизнис администрација со Универзитетот Франклин од Коломбос, Охајо, САД.

Постдипломските студии  ќе се одвиваат на Економскиот факултет во Прилеп  и чинат 5.000 евра по студент , за што Владата обезбеди сестрана поддршка од десет стипендии, а по една стипендија ќе донираат општините Битола и Прилеп. Конкурсот за  Мастер студиите за бизнис администрација ќе биде објавен на 15 февруари, а со реализација на студиите се планира  да се започне  на почетокот од мај годинава.

Со заедничката студиска програма со Универзитетот „Франклин“ од Охајо – САД се обезбедува можност за учење и развивање на бизнис вештини неопходни за барањата на новото време.

Студиите ќе бидат целосно организирани според американскиот систем на студирање, а по нивното завршување се добива американска диплома.

Scroll to Top