На УКЛО одржана работилница за Националната рамка на квалификации

01.03.2010

Во организација на  УКЛО, на 24.02.2010 година  се одржа работилница на тема „Предлог дескриптори за трите циклуси на високото образование во РМ” во рамките на проектот „Дизајнирање и имплементација на Национална рамка на Квалификации“, којашто се остварува во рамките на ТЕМПУС програмата.

Квалитетната и продуктивна дискусија  на работилницата е дел од процесот за  дефинирање на општите дескриптори со чија помош ќе се опишуваат стекнатите знаења и компетенции на студентот по завршувањето на било кој циклус на образование – додипломски, постдипломски или докторски студии.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев на отворањето на работилницата нагласи дека проектот ќе им  помогне на наставниците и студентите во високото образование да ги дефинираат генералните и специфичните компетенции. Кородинаторот на проектот проф. д-р Елизабета Бахтовска истакна дека  имплементацијата на Национална рамка на квалификации ќе придонесе да се обезбеди поголема трнаспарентност на квалификациите што се издаваат во Македонија. На универзитетската работилница во Битола за резултатите од учењето и компетенциите на студентот, говореше Јанерик Лундквист, професор на Универзитетот во Линкопинг, Шведска, додека за Националната рамка на квалификации за високото образование од европска перспектива, презентација одржа Волтер Гемлих, професор на Универзитетот во Оснабрик, Германи

 Со практичното вградување на Националната Рамка на Квалификации и дефинирањето  на дескрипторите преку сет на прифатени нивоа ќе се обезбеди сите постигнати резултати од учењето да бидат мерливи и меѓусебно поврзани на кохерентен начин што од своја страна ќе овозможи и институционално зајакнување на сите академски  нивоа.

Scroll to Top