Потпишан меморандум за соработка меѓу МВР и УКЛО

12.03.2010

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за безбедност, единица во состав на  Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола.  

Меморандумот треба да овозможи размена на искуства, знаења и усовршување на кадри од областа на безбедноста.

Потребата за меѓусебно надградување на соработката меѓу двете институиции ќе се остварува преку различни форми на соработка, особено низ практична обука на студентите од Факултетот за безбедност во организациските единици на МВР.

Министерката Јанкулоска за студентите од Факултетот за безбедност одржа предавање на тема „Перење пари и компјутерски криминал“.

Scroll to Top