Потпишан договор со Универзитетот во Бамберг

22.03.2010

Во периодот од 12 до 15 март 2010 година, ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, проф д-р Златко Жоглев престојуваше на два универзитети во Германија.

При посета на Универзитетот во Хоф  во разговорите со ректорот проф. д-р Реинхард Бреј, конкретизирана е идната соработка во областа на мобилностите на студентите и академскиот кадар што се темели на програмата ERASMUS и утврдениот договор за соработка.

На средбата во Универзитетот „Ото Фридрих“ во Бамберг двајцата ректори проф. д-р Годехард Руперт и проф. д-р Златко Жоглев потпишаа билатерален договор за соработка меѓу двата универзитети.

Во духот на развојот на меѓународната соработка отворени се можностите за конкретна соработка меѓу факултетите и пренесена е инцијатива за збратимување на двата града.

Scroll to Top