УКЛО доби грант за Еразмус мобилност

23.03.2010

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата за академска мобилност Еразмус  додели средства од ЕУ фондовите на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Вкупната вредност на грантот е 27.030,00 евра.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност оваа активност ја оцени како особено значајна во стекнувањето меѓународно искуство, усовршување на јазичните вештини и стекнување соодвтени компетенции.

Scroll to Top