Посета на францускиот амбасадор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

23.03.2010

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  се оствари средба на  новоименуваниот Амбасадор на Република Франција во Република Македонија  Жан Клод Шлумберже и ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев.

Во пријатна и срдечна атмосфера, Н. Е. Жан Клод Шлумберже се запозна со структурата  на УКЛО при што, од страна на ректорот, проф. Жоглев беше иницирана  заложбата  за  интензивирање на  соработката со француските  универзитети.

Амбасадорот, г-дин Шлумберже, во овој прилог зборуваше за Договорот потпишан помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција за мобилност на 200 млади од Македонија- студенти во размена, студенти на мастер студии и дипломирани професионално ангажирани кадри   којшто ќе се имплементира во наредниот период.  

Посетата на УКЛО НЕ Жан Клод Шлумберже ја оствари во рамките на првата званична посета на Општина Битола.


Scroll to Top