ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА УКЛО СО РЕК - БИТОЛА

24.03.2010

Ректорот на  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Златко Жоглев  и  Мирко Ристевски, генерален директор на РЕК – Битола потпишаа Спогодба за соработка.

Взаемниот интерес за долгорочна наставно – научна и техничка соработка ќе се остварува низ повеќе сегменти како што се: заеднички проекти, експертизи, обуки, практиканска работа и сл.   

На средбата се разменети  мислења за дополнително  јакнење на релациите меѓу УКЛО и  овој стопански капацитет, во функција на поголема ефикасност и квалитет во работата на компанијата и Универзитетот.

На потпишувањето на Спогодбата изразена е взаемната подготвеност за поголемо учество при дизајнирање и дефинирање на студиски програми и наставни предмети сообразени на актуелните барања и потребите на пазарот на трудот.


Scroll to Top