Акцијата „Ден на дрвото“ поддржана од УКЛО

30.03.2010

Во акцијата за раззеленување на голините која се реализираше под слоганот „Растеме заедно„ се вклучија студенти и професори од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во мартовската акција за пошумување, дел од факултетите ги уредуваа дворовите и засадуваа нови садници, додека другите, засадуваа садници на локациите во општините кадешто е седиштето на факултетите.

Покрај организаторите, во акцијата за раззеленување на Македнија и јакнење на еколошката свест  се вклучија локалните самоуправи, невладини организации, ученици,јавнипретпријатија...

Инаку, оваа беше петта по ред акција за создавање на „зелената иднина на Македонија“ која се остварува под мотото „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Scroll to Top