Одржана ректорска конференција

31.03.2010

Ректорите на јавните универзитети во Република Македонија ја одржаа eдинаесеттата седница на Ректорската конференција  на јавните универзитети со која претседаваше проф. д-р Златко Жоглев, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола.

На седницата што се одржа во Ректоратот на УКЛО,  разгледани се состојбите во врска со Колективниот договор за висoкото образование, усогласување на Кодексот за академска етика и Судот на честа на јавните универзитетите како и продлабочување на постоечката соработка со  Универзитетите во Република Франција.

Покрај тоа, договорени се и насоките за изготвување посебна веб – страница на ова тело што ќе ги  штити, негува и ги претставува интересите на јавните универзитети во Република Македонија и пред се интересите на студентите.     

На конференцијата, ректорите на јавните универзитети  разговораа и  за други актуелни теми од областа на високото образование.

Scroll to Top