УКЛО НА САЕМОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

19.04.2010

Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола  од 14 до 16 април 2010 година зеде учество на годинашниот  саем за високо образование и кариера.

 Во рамките на манифестацијата , на стотина квадратни метри изложбен простор, УКЛО  ги   претстави студиските програми на 11 единици во неговиот состав.  

Во текот на четирите саемски денови,  сите високообразовни установи во состав на УКЛО ги промовираа  своите студиски програми, условите за студирање, кадровските и техничките капацитети.

Годинашната презентација на деновите на образование и кариера што се одржа на Скопски саем се реализира во рамките на интегративните функции на Универзитетот.

Штандот на УКЛО го посетија претседателот  на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов и ресорниот министер за образование и наука г-дин Никола Тодоров.

Scroll to Top