Промоција на нови доктори на науки

26.04.2010

На 26.04.2010 год.  со почеток во 10 часот, во  Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,  се одржа свечена промоција на доктори на науки.Во рамките на настанот се промовирани следните доктори на науки:

Бранко Димески, доктор на науки по јавна администрација,наслов на дисертацијата: Принципите на новиот јавен менаџмент во локалните самоуправи во Република Македонија

Игор Здравкоски, доктор на економски науки, наслов на дисертацијата: Теоретско-методолошки проблеми и постапки на финансиските извештаи во функција на утврдување и оценка на резултатите на компаниите во Република Македонија

Даниела Андоновска-Трајковска, доктор по педагогија од областа на методиките, наслов на дисертацијата: Методичко моделирање на развојот на критичката писменост како општообразовна компетентност

Ќебир Авзиу, доктор на науки од областа на безбедност, наслов на дисертацијата: Улогата на внатрешната контрола и професионалните стандарди во сузбивањето на полициските злоупотреби

Настанот се одржa по повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетот во 1979 година.

Од формирањето на Универзитетот, досега докторирале 105  доктори на науки.

Scroll to Top