Посета на Претседателот Ѓорѓе Иванов на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола

27.04.2010

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, во Ректоратот на Универзитетот„ Св.Климент Охридски“ – Битола оствари средба со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

Во пријатна и срдечна атмосфера Неговата Екселенција, претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов од страна на Ректорот беше запознаен со актуелните состојби на УКЛО и развојните визии на универзитетскиот менаџмент насочени кон повисок квалитет во образованието во функција на развојот и напредокот на Република Македонија и општеството во целина.    

На Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, за академската јавност одржа предавање на тема „Визијата за Pax Europeane“.

Престојот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов на УКЛО се остварува во моментот кога Универзитетот зачекорува во четвртата деценија од постењето, а во рамките на работната посета на општина Битола.


Scroll to Top