Дадени на користење објекти од Касарната за потребите на УКЛО

25.04.2010

Универзитетот„Св. Климент Охридски“ – Битола од Министерството за одбрана на користење доби  три згради  со површина од 4500  метри квадратни, објекти  од некогашната Касарна.

Министерот за образование и наука Никола Тодоров настанот го оценува како можност за подигнување на образовното ниво на населението што треба да доведе до економско придвижување и поквалитетно живеење.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев нагласува дека со овој чин се решава просторниот проблем на УКЛО и дека објектите ќе бидат во функција на  неколку факултети, а во делови од зградите ќе бидат сместени лаборатории.

На свеченоста по повод примопредавањето на објектите присуствуваа: ресорниот Министер за образование и наука Никола Тодоров, Министерот за одбрана Зоран Коњановски , Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Минисерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Гордана Јанкуловска.

Scroll to Top