Одбележан Денот од основањето на УКЛО

26.04.2010

По повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетот во 1979 година, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев одржа свечен прием со деканите и директорите на високообразовните институции во состав на УКЛО.

На свеченоста со должно навраќање Ректорот потсети дека  Вториот државен Универзитет со седиште во Битола е основан пред 31 година, со здружување од страна на осум високообразовни институции.

Задржувајќи се на денешната слика на УКЛО, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев ги најави новите развојни визии на Универзитетот насочени кон поквалитетна настава и повисоки стандарди во насока на подобрување на севкупното функционирање на Универзитетот.


Scroll to Top