ЗАПОЧНА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ЛИГА ВО МАЛ ФУДБАЛ

15.04.2010

На 15.04.2010 година во спортската сала „Младост“ во Битола отворена е Универзитетската лига во мал фудбал на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

 

Во натпреварите кои треба да завршат до половината на мај, ќе земат учество над 150 студенти, од шест градови во кои се сместени единиците на УКЛО: Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Велес и Скопје.

 

Завршницата на натпреварите ќе се одржи во спортската сала „Младост“ кога ќе биде познат и шампионот за оваа сезона.

Scroll to Top