Награден Конкурс

18.05.2010

Врз основа на воспоставената награда Владимир Костов
Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола
распишува
 
НАГРАДЕН КОНКУРС
 
за краток расказ на слободна тема во три категории: за професори, соработници и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола. Конкурсот трае до 10-ти септември. Текстовите треба да се доставуваат во три примероци на адреса на Универзитетот. Трите примероци треба да се достават во печатена и во електронаска форма, а со четвртиот се докажува авторството. Конкурсот е анонимен и текстовите се доставуваат по шифра, со назнака за категоријата. Текстовите не треба да бидат подолги од 5 страници, во формат А4, со големина на буквите 12, едниечен проред. Times New Roman кирилична поддршка. Првонаградените раскази ќе бидат објавени во посебно издание.
 
Од конкурсната комисија. 

Scroll to Top