Потпишани договори за меѓууниверзитетска соработка со универзитетите во Тузла и Зеница

21.05.2010

За време на своето патување во Босна и Херцеговина, ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола  проф. д-р Златко Жоглев потпиша договори за меѓународна соработка со универзитетите во Тузла и Зеница.

Станува збор за прв договор за соработка со Универзитетот во Тузла којшто е во насока на јакнење на меѓууниверзитетската соработка на сите полиња од академското дејствување. Договорот, на 21 мај 20101 година, го потпишаа двајцата ректори, проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Џемо Туфекчиќ.

Со својот колега, ректорот на  Универзитетот во Зеница, проф. д-р.   Сабахудин Екиновиќ, ректорот Жоглев го  потпиша договорот  на 20 мај 2010 година во занк на  возобновување на  веќе воспоставените билатерални договори и иницијативи со оваа високообразовна институција. 

Темелните одредници на потпишаните договори за соработка со универзитетите во Тузла и Зеница се однесуваат на унапредување на меѓународната соработка и заедничкиот развој, подобрување на мобилноста и можностите за реализација на заеднички проекти.

Scroll to Top