Соработка УКЛО Универзитет во Сараево

20.05.2010

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола проф д-р Златко Жоглев на 20 мај  присуствуваше на  одбележувањето на шеесет годишниот јубилеј од основањето на Универзитетот во Сараево.

Во текот на посетата Ректорот водеше разговори за подобрување на меѓууниверзитетската соработка  со ректорот проф. д-р  Фарук Чакловица.

По повод јубилејот на Универзитетот во Сараево ректорот, проф. д-р Златко Жоглев е меѓу потписниците на  Сараевската универзитетска декларација во којашто се дефинирани и  претставени  највисоките редности на академското живеење.

Scroll to Top