ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ

31.05.2010

Универзитет „Св. Климент Охридски" - Битола и ФОН Универзитетот  потпишаа Меморандум за соработка.

На средбата што се одржа на ФОН универзитетот двајцата ректори проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Александар Николовски ја конкретизираа идната соработка во повеќе области.

Со Меморандумот за соработка меѓу УКЛО и ФОН универзитетот се отвораат пошироки можности за јакнење на  академските релации во најразлични домени од универзитетското дејствување, почнувајќи од соработка на различни проекти, програми, гостувачки предавања и друг вид заеднички активности во насока на размена на искуства за подобрување на квалитетот на висoкото образование во Република Македонија.

Со ова УКЛО ја продолжува соработката со сите универзитети во Република Македонија.

Scroll to Top