Зајакната соработката со Универзитети во Турција

11.06.2010

 

Во периодот од 1 до 6 јуни 2010 година, делегација од  Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола предводена од ректорот проф д-р Златко Жоглев во чиј состав беа проректорот проф.  д-р Сашо Атанасоски и Ѓулен Емин советник во Ректоратот престојуваа на четири универзитети во Турција.

При посета на Универзитетот во Истанбул  во разговорите со ректорот проф. д-р Јунус Сојлет утврдени се принципите на идната соработка во повеќе академски области.

На средбата во Универзитетот  Тракија во Едрене проф. д-р Златко Жоглев  по покана на ректорот проф. д-р Енвер Дуран присуствуваше на церемонијата за прогласување „почесе доктор на науки".

 Делегацијата на УКЛО оствари посета на Универзитетот „Намик Кемал" во Текирдаг. Ректорите проф. д-р Низаметин Шенќулу и проф. д-р Златко Жоглев ја официјализираа соработката со потпишување договор чии бенефити ќе бидат од заеднички интерес.

Посетата на универзитети во Турција беше заокружена со гостувањето на универзитетот во Чаннаккале. Во искажаната заложба на ректорите проф. д-р Али Акдемир и проф. д-р Златко Жоглев  контактите меѓу овие институции да засилат во наредниот период. Притоа,  Ректорот Жоглев е предложен заедно со уште неколкумина светски афирмирани професори да води еден од панелите на Светскиот конгрес кој треба да се одржи во октомври 2010, посветен на клучните проблеми на универзитетите во иднина.


Scroll to Top