Укло потпиша спогодба за соработка со А.Д. печатница Киро Дандаро

15.06.2010

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски"-Битола, проф. д-р Златко Жоглев и Директорот на А.Д. Киро Дандаро,  г-дин Драги Милошевски, на 14.06.2010 година во просториите на Печатницата потпишаа Спогодба за соработка.

Предмет на оваа Спогодба за соработка е долгорочна наставно-научна и техничка соработка помеѓу двете институции. Со оваа спогодба планирано е да се реализираат низа заеднички проекти од истражувачки и едукативен карактер, консултации и експертизи, размена на искуства и други форми на соработка. Оваа спогодба овозможува поврзување на универзитетските активности со стопанските субјекти преку интензивирање на можноста студентите на УКЛО да стекнат одредени практични искуства како практиканти во Печатницата.

Овој настан е само еден од низата настани со кои Универзитетот станува активен чинител во јакнењето на односите универзитет-стопанство.


Scroll to Top