Конкурс за запишување студенти на втор циклус универзитетски студии (постдипломски) во акдемската 2010/2011 година

10.08.2010

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во дневниот весник „Дневник“ од 21.09.2010 година (бр: 4346)  објави:

Конкурс за  запишување студенти на втор циклус универзитетски студии (постдипломски) во акдемската 2010/2011 година.

Вкупниот број слободни места за едногодишни и двегодишни (магистерски) студии изнесува 1480:

 Технички факултет- Битола, 250 студенти

 Економски факултет –Прилеп, 250 студенти

 Факултет за туризам и угостителство – Охрид, 250 студенти

 Педагошки факултет – Битола, 170 студенти

 Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, 180 студенти

 Факултет за Биотехнички науки – Битола, 110 студенти

 Факултет за безбедност – Скопје, 190 студенти

 Научен институт за тутун – Прилеп, 40 студенти

 На втор циклус специјалистички стручни студии на Техничкиот факултет –Битола, 40 студенти

Рокови за пријавување

 ·       Прв уписен рок: од 06 до 14 септември 2010 година

·        Втор уписен рок: од 04 до 12 октомври 2010 година

·        По потреба, Универзитетот ќе спроведе и трет уписен рок

Содржина на Конкурсот и подетални информации за условите за запишување на студиските програми превземи тука.


Scroll to Top