УКЛО – членка на Меѓународната Асоцијација на универзитети (IAU)

20.08.2010

Во август оваа година беше прифатена кандидатурата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола за членство во водечката глобална асоцијација на високообразовни институции од целиот свет. Со тоа, Универзитетот се вброи меѓу повеќето од 630 членки-универзитети и останати високообразовни установи и асоцијации од 130 земји обединети во своите размислувања и акции за заедничките приоритети.

Основана во 1950 година, под покровителство на УНЕСКО, Меѓународната асоцијација на универзитети претставува независна, билингвална, невладина меѓународна организација. Постојаниот секретаријат се наоѓа во Париз, Франција.

Нејзини членки се  универзитетите, високообразовните институции и регионалните и националните асоцијации на универзитети во целиот свет. Таа има за цел да промовира расправа, размислување и акција за есенцијалните прашања во доменот на високото образование.

Оваа најголема и најстара универзитетска асоцијација на своите членки и пошироко на сите актери во високото образование ( оние кои одлучуваат, експертите, раководителите, професорите, истражувачите и студентите ) им нуди еден светски форум каде ќе може да се среќаваат, како и услуги од типот информации и анализи за најнивите случувања  во високото образование, одбрана на ставовите на високообразовните установи и можност за градење партнерства и мрежи помеѓу институциите од целиот свет како и со различни национални, регионални и интернационални организации.

Мисијата на ИАУ се базира врз фундаменталните принципи што секој универзитет треба да ги прифати, всушност тоа е правото да го шири знаењето, да промовира толеранција во различните размислувања и слобода  во однос на секакво политичко влијание.

Тематските стратешки приоритети на ИАУ до 2014 година кореспондираат со актуелните светски трендови: Интернационализација на образованието, интеркултурен дијалог, зацврстување на релацијата универзитет-општество, слободен и еднаков пристап на секого до високото образование....


Scroll to Top