Презентиран европскиот проект од програмата ФП 7 - „COMPOSITE“

03.09.2010

Истражувачки тим од факултетот за безбедност - Скопје, предводен од проф. д-р Трпе Стојановски, во Министерството за внатрешни работи го презентираше европскиот проект од програмата ФП 7 - „COMPOSITE: Компаративни студии за полицијата во ЕУ“ финансиран од Европската Унија.

Станува збор за значаен проект во којшто УКЛО како единствен претставник од нашата земја и 14-те истражувачки институции од ЕУ,  во наредните 4 години ќе соработуваат во изготвување на компаративни анализи и трудови поврзани со организацијата и работата на полицијата од земјите учеснички во проектот, според единствена методологија.

На средбата е утврдена  и формата на соработка меѓу истражувачкиот тим и Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top