УКЛО ќе соработува со Универзитет од Охајо, САД

09.12.2008

Ректорот на Универзитетот "Св.Климент Охридски" - Битола проф.д-р Златко Жоглев потпиша договор за соработка со проф.д-р Давид Декер, претседател на Универзитетот Френклин од Коламбос, Охајо, САД. Договорот отвора можности за организирање заеднички студиски програми. Иницијативата е на министерот за информатичко општество Иво Ивановски. - Соработката ќе почне со постдипломски студии за бизнис администрација, а подоцна ќе се развива во областа на компјутерските науки, како и студии за деловната заедница - рече министерот Иво Ивановски Договорот за соработка меѓу двата Универзитета потпишан е во рамките на одбележувањљето на патрониот празник на УКЛО.

Scroll to Top